Шеесет и четиригодишен жител од делчевското село Илиово, вчера во 20.30 часот пријавил дека избувнал пожар во неговата семејна куќа, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција. Иако била известена противпожарната бригада од Делчево, поради непристапниот терен и големите наноси од снег, не можеле да излезат на местото на настанот. …