Го изгоре: Победата на Трамп го чинеше Сорос 1 милијарда долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот милијардер Џорџ Сорос воопшто не е задоволен од победата на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп на претседателските избори во САД, со оглед на тоа што претрпе губиток од речиси милијарда долари.

Како што пишува Wall Street Journal, веднаш штом станало јасно дека Трамп победил на изборите, американскиот берзански индекс нагло ја изгубил вредноста, но тогаш дошло до неочекуван пресврт, акциите почнале да растат во просек за 10 проценти дневно.

Американскиот весник, повикувајќи се на неименувани извори блиски до работењето на милијардерот, наведува дека Сорос очекувал пад на вредноста на берзанскиот индекс. Меѓутоа, се случило потполно спротивно сценарио. Растот којшто следел, негативно се одразил на капитализацијата на неговиот фонд. Сорос очекувал дека падот ќе биде поголем, што се покажало како голема грешка која резултирала со уште поголеми губитоци

Милијардерот за време на кампањата отворено ја поддржуваше и финансираше Хилари Клинтон, поради што не е за чудење неговата скептичност по прашањето за состојбата на пазарите по победата на Трамп. Сепак берзата покажала дека човекот кој ретко греши кога се акциите во прашање, сепак погрешил, пред се потценувајќи една работа, способноста на Трамп да привлече поголем број гласачи.

Сорос по победата на Трамп ги критикуваше републиканците, обвинувајќи дека е можен диктатор и ја предупреди Америка дека тој резултат од изборите ќе има долгорочни последици по здравјето на демократијата.