Демонстранти од протестот на „За заедничка Македонија“ ја нападнале екипата на телевизија 24 најпрво вербално, а потоа кога снимателот снимал инсерти, новинарот Христијан Баневски бил удрен со стап од знаме по тилот од главата. Новинарот реагирал кај еден од организаторите и добил одговор дека човекот кој го веел знамето не знаел како се вее. – Додека со снимателот го покривавме …