Со реконструкција на живеалиштето на жирафите почна проектот за реновирање и реконструкција на Зоолошката градина во Скопје. „Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот ‘Европска зоолошка’“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски. Како што информираат од скопската Зоолошка, таму веќе се пристигнати камионите на градежната фирма …