Бузаку се прогласи за нов поглавар – превирања за превласт во ИВЗ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кандидатот за нов водач на Исламската верска заедница кај нас, Скендер Бузаку, повикувајќи се на судска одлука, се прогласи за нов поглавар на заедницата.

Сулејман Реџепи пак, синоќа по вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ во Кондово порача дека не ја признава одлуката на судот, дека таквата одлука е политичка и оти од денеска повеќе не се на истата страна со Владата.

Напнатоста порасна вечерва откако во седиштето на ИВЗ во Скопје влегла и финансиска полиција, која го проверувала работењето на Реџепи.. Во исто време, во објектот се нашле и претставниците на Бузаку и на Сулејман Реџепи, кои излегоа со целосно спротивни информации.

Бузаку вели дека неговото назначување се базира на решение на Основниот суд два, според кое, тој треба да биде впишан на функцијата Реис ел улема, одлука која утре ќе била објавена и во Службен весник..