Актуелно

Бугарскиот и македонскиот премиер заедно на гробот на Гоце Делчев! Заев: Верувам дека ќе се договориме и за Делчев!

Македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Претходно Заев и Борисов имаа заедничка прес-конференција на која истакнаа дека заеднички ќе се решат сите останати спорови меѓу државите, а бугарскиот премиер се извини што рекол Северномакедонци.

Заев: Верувам дека ќе се договориме и за Делчев!

Решивме веќе четири историски личности кои заедно ги чествуваме, ќе најдеме решение и за Гоце Делчев, рече премиерот Заев на прес конференцијата со бугарскиот премиер, Борисов. Му оддаваме почит на Делчев преку заедничкото разбирање и убеден сум дека делата на Делчев можат само да не поврзуваат, додаде Заев.

Фото: МИА

Advertisements
To Top