Home Актуелно Бугарија и Хрватска најсиромашни земји во ЕУ, еве која е најбогата

Бугарија и Хрватска најсиромашни земји во ЕУ, еве која е најбогата

Најновите статистички податоци на Eurostat укажуваат дека Хрватска е втора најсиромашна земја во Европската Унија, а полоша од неа во поглед на сиромаштија е само Бугарија.

Хрватска е на самото дно на листата во Европската Унија кога станува збор за потрошувачката по жител во 2019 година, откриваат податоците на Eurostat.

Податоците покажуваат и дека девет земји членки според критериумот на материјална добросостојба на домаќинствата се над просекот на ЕУ.

Најбогат е Луксембург, кој е 35 отсто над европскиот просек, а следи Германија со 22 отсто.

Во групата земји во кои индивидуалната потрошувачка е од девет до 18 отсто над просекот на ЕУ се Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска.

Во таа група не е Романија, но е пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година. Според новите податоци за 2019 година, Романија е на 79 отсто од просекот на ЕУ, а Хрватска на 66 отсто.

Романија се изедначи со Полска, а ја престигна и Грција, која според потрошувачката е на 78 отсто од просекот на ЕУ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…