Буџетските пари доделени на компании за иновации веќе се враќаат во буџетот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според статистичките податоци со кои засега располага Фондот за иновации и технолошки развој, а кои ги добиваат преку анализа на ефектите од вложувањата во домашните компании, буџетските средства доделени на компаниите за иновации веќе се враќаат во државниот буџет, пренесува Фактор повикувајќи се на изјавата на директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Тој вели дека резултатите ќе ги објават наскоро, но дека првичните покажуваат дека само по основ на зголемена уплата на придонеси, персонален и данок на добивка, овие компании веќе ги враќаат средствата во Буџетот на Северна Македонија.

Инаку според анализата, открива Деспотовски, на пример, просечното годишно зголемување на приходите од работењето е зголемен за речиси 50 проценти, исто така е регистриран зголемен број на вработени, и тоа за 27 отсто, а забележителен е тренд на пораст кај просечните плати и тоа за околу 40 проценти во просек.

„Овие бројки се доволен индикатор за тоа какви резултати можеме да очекуваме во иднина, вели Деспотовски.

Додава и дека работат на менување на различни аспекти и критериуми поврзани со процесот поврзан со инструментите на ФИТР.

„Воведовме фаза на предселекција во која домашни експерти од над 20 области ги оценуваат пристигнатите апликации, па потоа одат во фаза на финална селекција. ФИТР стана прва инстутуција која која воведе протокол за проценка на ризик заради поврзаност со лице на јавна функција во сопственичката структура. Ги прошируваме секторите на компании кои може да аплицираат за нашите повици. Како новина сега го воведуваме и механизмот на ројалти. Едноставно се адаптираме на приликите и побарувањата на домашниот екосистем, изјави тој за Фактор.