Home Шоубизнис Британскиот суд пресече: Хитот на Ед Ширан не е плагијат

Британскиот суд пресече: Хитот на Ед Ширан не е плагијат

Британскиот и планетарно популарен пејач Ед Ширан се судеше уметникот Сами Свич во судски спор во кој докажа дека не ги украл стиховите од неговата песна.

Имено, Сами Свич и неговиот тим го тужеа Ед Ширан за неговиот голем хит „Shape of you“ од 2017 година, тврдејќи дека некои од нејзините стихови премногу потсетуваат на песната на Сами „Oh Why“.

Го тужеа поради авторските права, а Ширан ја објави песната две години по нивната.

Ширан и неговиот адвокат тврдеа дека музичарот никогаш порано не ја слушнал песната на Свич „Oh why“. Сега, Врховниот суд донесе пресуда во корист на Ед Ширан и утврди дека неговиот најголем хит не е плагијат.

Судијата наведе дека Ширан ниту свесно ниту несвесно не ја копирал песната и дека нема толку многу сличности помеѓу овие две песни, пренесува Би-би-си.

Да потсетиме, песната „Shape of you“ беше светски хит во 2017 година, а и денес е многу популарна. Беше најпродавана песна во Англија, а на музичката платформа Спотифај има повеќе стримови од сите други песни на британските изведувачи.

Подолу можете да ги слушнете овие две песни и да видите дали навистина постои сличност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …