Home Актуелно Британската полиција уапси и втор осомничен за нападот во лондонското метро

Британската полиција уапси и втор осомничен за нападот во лондонското метро

Британската полицуја уапси и втор осомничен во рамки на истрагата за петочниот бомбашки напад во лондонското метро, кога беа повредени најмалку 30 лица, наведуваат британските медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата.

Во западното лондонско предградие Хаунслоу, непоредно пред полноќ, синоќа бил уапсен 21-годишен маж. Тој бил приведен согласно британскиот закон за тероризам и одведен во полициска станица во јужен Лондон.

Претходно вчера британската полиција во пристанишниот град Довер уапси 18-годишно момче и претресе зграда во градот Санбери, крај Лондон, во врска со нападот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…