Британецот обвинет за нацизам на своето бебе му го даде името Адолф


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Брачниот пар кој е обвинет за припадност на забранетата неонацистичка група „Национална акција“, Адам Томас и неговата партнерка Клаудија Пататас, на своето бебе му го дадоа името Адолф, стои во изјавата на обвинителството.

 

Како еден од доказите пред судот беа приложени фотографии, а на една од нив Адам е облечен во облека од злогласниот Кју Клукс Клан, додека во рацете го држи својот новороден син кој го именуваше во чест на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, пренесува ВВС.

Исто така, прикажани се и фотографии од него и неговата сопруга како позираат со знаме со нацистичка свастика. Во нивниот стан се најдени и нацистички сувенири, знамиња, беџови, банери, оружје, но и плакат кој се обиделе да го сокријат зад фрижидерот на кој пишува: „Британија е наша, остатокот мора да си оди“.

Освен Адам и Клаудија, на судот е даден и Даниел Богуновиќ, кој исто така е обвинет дека е член на споменатата неонацистичка група.

Тие ги порекнуваат обвиненијата за кои се товарат, а судењето кое веќе трае четири седмици и понатаму продолжува.