Home Шоубизнис Брена и Боба пресреќни: Гордиот дедо трогнат до солзи поради раѓањето на внуката

Брена и Боба пресреќни: Гордиот дедо трогнат до солзи поради раѓањето на внуката

Брена и Боба пресреќни: Гордиот дедо посебно емотивен поради раѓањето на внуката

Голема радост завладеа во семејството Живојиновиќ откако пејачката Александра Пријовиќ денеска ја роди својата ќерка.

Пресреќните родители, Александра и Филип Живојиновиќ, го добија своето второ дете, а веста дека нивното семејство е побогато за уште еден член ја исполни со среќа и Лепа Брена и неговиот татко, прославениот тенисер Слободан – Боба Живојиновиќ.

Боба, кој веќе долги години важи за столбот на семејството, не успеа да ги скрие емоциите кога дозна дека стана дедо на девојче.

Наскоро се огласи и со кратка изјава во која ги сподели првите впечатоци по пристигнувањето на внуката Арија.

– Ви благодарам на честитките, ви посакувам сè најдобро – рече Боба Живојиновиќ за Курир, не криејќи ја радоста поради најубавата вест што стигна во нивниот дом.

Неговата среќа е уште поголема бидејќи ова е прво девојче во семејството Живојиновиќ, па доаѓањето на малата принцеза Арија беше дочекано со големо воодушевување.

Александра се породи во приватна клиника во Белград, а сè помина во најдобар ред. И мајката и бебето се чувствуваат одлично.

Во вилата на Живојиновиќ веќе владее славеничка атмосфера. Членовите на семејството и најблиските пријатели со нетрпение го очекуваат враќањето на Александра со бебето дома, додека малиот Александар едвај чека да ја запознае својата сестричка.

Семејството Живојиновиќ сега има голема причина за славење, а Боба, како горд дедо, со задоволство истакнува дека овие моменти се највредни во животот и дека доаѓањето на внуката ги исполни срцата на сите членови со љубов и топлина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хила Клајн се повлекува од „Х3 подкаст“ додека се разведува од Итан

Хила Клајн реши да ја напушти работата на новото издание на „Х3 подкаст“, откако поднесе б…