Бред Пит ќе вози болид од Формула 1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Бред Пит наскоро ќе седне на управувачкото седиште од вистински тркачки автомобил за потребите на неговиот претстоен филм „Формула 1“, откриваат режисерот Џозеф Косински и продуцентот Џери Брукхајмер.

За време на панел за сè уште ненасловениот филм за Формула 1, Косински и Брукхајмер открија детали за продукцијата на Apple Studios на филмот во кој глуми мегапопуларниот Бред Пит.

Еден од продуцентите на новиот фил ќе биде седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, пренесува Variety.

Снимањето на филмот ќе се одвива во Силверстоун, патеката каде што се одржува ГН на Велика Британија. Оваа година трката ќе се одржи на 9 јули.

Модераторот на панелот посветен на филмот, Вил Бакстон истакнал дека екипата на филмот ја создала „најмалата 6К камера некогаш дизајнирана само за да ги одведе гледачите во кокпитот на формула “ каде што ѕвездите на филмот ќе возат вистински тркачки автомобили.

„Точно. Бред Пит ќе вози Формула 1 болид од Силверстон па натаму“, додаде Бакстон.

„ESPN F1“ ја потврди веста преку твит. Variety дознава дека Пит нема да се трка со други возачи на патеката и најверојатно ќе вози модифицирана верзија на Ф2 или Ф3 болид.

Бакстон исто така рече дека тркачкиот автомобил користен во филмот е дизајниран од Мерцедес, а Луис Хамилтон дава совети за приказната и сценариото за да се увери дека ова е најавтентичниот филм за трки со автомобили досега.

Според официјалниот синопсис на филмот, Пит глуми возач кој излегува од пензија за да се натпреварува заедно со дебитант против еден од легендите на спортот. Покрај него глуми Демсон Идрис, а сценариото го напиша ко-сценаристот на Топ Ган: Маверик, Ерен Кругер.