Божиновски: Хан и францускиот амбасадор побараа повлекување на Законот за јазици за да се направи решение прифатливо за сите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Проблемот со законот за јазици е дека се направи обид да се донесе набрзина, на сила се тоа да помине. Не се дозволи дебата ниту во матичната комисија. Имаше многу процедурални грешки и проблеми кои што се појавија, изјави политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во емисијата Тренд Анализа на 24 Телевизија.

Тој потенцираше дека ако на овој закон му се стави европско знаменце тогаш на секој друг закон ќе може да се направи истото иако европско знаменце треба да има закон каде исклучиво се усвојува европска регулатива.

– Со овој закон се поставени драконски казни од 4 до 5.000 евра за негово неприменување, додека за неприменување на македонскиот јазик никому ништо. Овде ќе има посебно цело тело кое ќе надгледува, додека за употребата на македонскиот јазик нема ништо. Законот се спори затоа што ДУИ не дозволи ниту една запирка да се смени во тој нивниот почетен предлог, рече Божиновски.

Божиновски додаде дека и Хан и францускиот амбасадор со дипломатски речник кажаа да се повлече законот, да се дискутира и да се направи добро решение прифатливо за сите.

– Од технички аспект законот има проблеми, а никој немаше слух да ги прифати забелешките. Законот се донесе на сила буквално. Претходно кога се апелираше да се има дебата да се дискутира сите беа глуви, истакна Божиновски.

Тој нагласи дека со 35.000 амандмани не е блокирано Собранието, туку законот за јазици. Доколку истиот се повлече за да се дискутира за него, во меѓувреме сите реформски закони може да се носат во Собрание тука нема никаков проблем.