„Божиќ за секој од нас“ – нова песна на Кики од „Дајте музика“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Надежната тинејџерска музичка ѕвезда, Кики Мукаетова, која годинава ја одбележа со низа успешни проекти, ја промовираше празничната песна „Божиќ за секој од нас“.

Станува збор за песна која Кики ја изведува заедно со Илија Јовчев, а гости се децата од хорот на „Златно славејче“, Горан Папаз на саксофон, Ана Костова и Александар Митевски.

Митевски ја создал песната заедно со текстописецот Огнен Неделковски во далечната 2009 година, за хуманитарна кампања, а сега е оживеана во ново руво. Мукаетова лани ја претставуваше Македонија на Детски Евросонг во Франција, со песната „Green forces“ заедно со Михо, Анастасија и Филип, а за прв пат запеа сама во септември, кога го промовираше хитот на Калиопи, „Лео“ во модерен аранжман.