Home Вебкафе Босанските хулигани повредија навивачи на Абердин во Мостар (видео)

Босанските хулигани повредија навивачи на Абердин во Мостар (видео)

Десетина хулигани, по кои трага полицијата, синоќа со камења, шишиња и факли во стариот дел на Мостар нападнале група навивачи на фудбалскиот клуб Абердин од Шкотска. Тројца од шкотските навивачи добиле телесни повреди, потвриле од болницата во Мостар.

Инцидентот го потврдил и портпаролот на мостарската полиција, Људевит Мариќ, кој појаснил дека тројца државјани на Велика Британија побарале лекарска помош.

По нападот, хулиганите избегале од местото каде што се случил инцидентот.

„За нас, ова се хулигани по кои трагаме“, рекол Мариќ.

Навивачите на Абердин допатувале во Мостар за да го поддржат својот тим во реваншот од 2. коло во Лига Европа против Широки Бријег. Дуелот се игра вечерва од 20.45 часот. Првиот натпревар пред една недела во Шкотска заврши 1:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…