Home Актуелно Борисов порача: ГЕРБ дава зелено светло за Македонија и Албанија

Борисов порача: ГЕРБ дава зелено светло за Македонија и Албанија

Првиот човек на ГЕРБ, бившиот бугарски премиер Бојко Борисов денеска на прес конференција рече дека ако премиерот Петков се осмели, ќе има поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ и „зелено светло“ за Македонија и Албанија.

-Имав разговори со пратениците на ГЕРБ и ги прашав дали ми веруваат да го поддржам предлогот. Ако се осмели овој кукавица и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници. Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Сè што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и не може да биде подобра, вели Борисов.

Тој додаде дека актуелната влада не направила ништо во врска со Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог. Појасни дека овој Протокол сè уште не е потпишан.

– Не плашете се, дојдете во парламентот. Ова е најдоброто решение за Бугарија, Балканот и за ЕУ, рече Борисов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…