Борисов откри колку и какви луксузни автомобили се возат во „бедна Бугарија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според списокот кој го доби од полициските служби, бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарската, но и поширока јавност, откри колку и какви луксузни автомобили возат газдите на бугарските фирми, а бараат помош од државата за да не отпуштаат работници.

„Ако можат да возат луксузни автомобили, тогаш можат да ја издржат кризата и да ги задржат работниците“, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов и објави список на луксузни автомобили во Бугарија.

„До денес во сиромашна Бугарија има три Бугати како на Роналдо, дури 241 Бентли, 123 Ферари, 54 Мејбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати, 84 Ролс Ројс, 280 Хамери, 400 Јагуари, скоро 5 000 Поршеа… Најверојатно сме први во Европа со вакви возила“, откри Борисов (ако не сакате да го гледате цело видео, овој дел почнува на 03:50 минути).

Списокот што го покажа Борисов вели е со цел да ги заштити работниците, а следува по средбата со организациите на работодавачи, на која барале поголема државна помош за намалување на последиците од коронавирусот.

„Ако секој работодавач продаде по еден автомобил, ќе обезбеди плата за сите вработени, а не цело време да се бара помош од државата“,

порача Борисов.