Славни

Бомбастичните сестри ќе се појават во филмот Ocean’s Eight

Оваа година во кино салите пристигнува филмот Ocean’s Eight, женски spin-off на филмскиот хит Ocean’s Eleven. Во филмот, меѓу другите, се појавуваат и Ким Кардашијан и Кендал Џенер, кои оваа недела во Њујорк го снимаа својот дел.

Тие две не се дел од актерската екипа, туку имаат само камео улоги. Полусестрите ќе се појават во сцената со голема забава во Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк, каде ќе се случи голем грабеж на накит.

Ким и претходно се појавувала во филмови како Disaster Movie, Deep In The Valey и Temptation: Confessions of a Marriage Counselor.

Долгометражниот Ocean’s Eight ќе го снима режисерот Гери Рос, познат по The Hunger Games. Официјално е потврдено дека актерската екипа ќе ја води Сандра Булок, а остатокот од тимот го сочинуваат Кејт Бланшет, Ен Хетавеј, Ријана, Хелена Бонам Картер, Минди Калинг, Оквафина и Сара Полсон.

Advertisements
To Top