Home Спорт БОМБА од Шпанија: Реал ја сака младата ѕвезда на Милан!

БОМБА од Шпанија: Реал ја сака младата ѕвезда на Милан!

Реал Мадрид не беше многу активен во летниот преоден рок, но раководството веќе размислува да го засили тимот во јануари.

Лопетеги сака да донесе напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема, а шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба е младата ѕвезда на Милан, Патрик Кутроне.

Имено, „Дон Балон“ пренесува Лопетеги е голем симпатизер на Италијанецот и го сака во својот тим, а раководството смета дека би бил идеално засилување затоа што станува збор за еден од најперспективните напаѓачи во Европа.

Кутроне блесна минатата сезона кога постигна 19 гола во сите натпреварувања за Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.

Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се согласи да го пушти Кутроне бидејќи во него гледа иднина на клубот и неодамна го продолжија договорот со напаѓачот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…