Home Спорт Бомба од Шпанија: Милан спема понуда за Модриќ!

Бомба од Шпанија: Милан спема понуда за Модриќ!

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска бомба и тврдат дека Милан покажува силен интерес кон ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Шпанскиот медиум „До Балон“ тврди дека раководството на Реал Мадрид размислува за продажба на Модриќ бидејќи сака да го подмлади тимот, а таквата ситуација се спремни да ја искористат „росонерите“.

Имено, медиумот тврди дека Флорентино Перез ќе се раздели со Модриќ дококу пристигне понуда од 50 милиони евра, а Милан е спремен да ја плати таа сума.

Во моментов ова делува навистина неверојатно, но фактот дека Модриќ веќе има 31 година го загрижува Перез кој смета дека сега е последната шанса да се заработи на неговата продажба, а како неговата замена на „Бернабеу“ го гледаат Марко Верати.

Покрај Милан, интерес за Модриќ покажува и Баерн Минхен бидејќи тренерот Анчелоти смета дека Хрватот ќе биде идеална замена за Чаби Алонсо.

Модриќ самиот додатно ги разгоре шпекулациите за негова преселба во Милано, откако вчера стегна „лајк“ на новиот дрес на Милан со кој позираше неговиот сонардник Марио Пашалиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…