Home Спорт БОМБА од Мадрид: Реал ја сака ѕвездата на Сити

БОМБА од Мадрид: Реал ја сака ѕвездата на Сити

Шпанскиот весник „АС“ денес лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за фудбалерот на Манчестер Сити и белгиски репрезентативец Кевин де Брујн.

Оваа сезона Де Брујн игра во фантастична форма и е еден од најзаслужните за добрите резулатати на Сити, па се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.

Поради тоа не чуди интресот на Реал Мадрид кој на крајот на сезоната сака да прави промени во тимот. „АС“ тврди дека Зидан во Белгиецот гледа идеална замена за Бејл кој најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Од друга страна, англиските медиуми пишуваат дека 26-годишниот Белгиец не е заинтересиран да премине во редовите на Реал Мадрид и дека сака да продолжи да соработува со Пеп Гвардиола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…