Home Спорт Бомба од Мадрид: Перез ја плаќа клаузулата за играч на Атлетико!

Бомба од Мадрид: Перез ја плаќа клаузулата за играч на Атлетико!

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез во неколку наврати изјави дека нема да им „зема“ играчи на Атлетико Мадрид и дека има пријателски односи со градскиот ривал.

Таков беше случајот со Кун Агуеро, но и со Давид де Геа кој сакаше да се пресели на „Сантиаго Бернаеу“, но „кралевите“ секогаш внимаваа на добрите односи со „јорганџиите“.

Сепак, овој пат нема да биде таква ситуацијата кога е во прашање Тео Ернандез. Тој е играч на Атлетико кој оваа сезона блеска во дресот на Алавес и Симеоне сака да го врати на „Калдерон“.

Меѓутоа, во неговиот договор има откупна клаузула од 24 милиони евра и наводно Реал Мадрид е спремен да ја плати.

Доколку се случи тоа навивачите на Атлетико сигурно ќе го прифатат тоа како предавство бидејќи Тео Ернандез е дете на клубот од „Винсенте Калдерон“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…