Home Спорт „Бомба“ од Италија: Манџукиќ се сели во Барселона!?

„Бомба“ од Италија: Манџукиќ се сели во Барселона!?

Изминатите два дена ве информиравме за средбата помеѓу Јувентус и Барселона, а денес весникот „Тутоспорт“ открива детали од состанокот.

„Тутоспорт“, весник кој е многу близок до Јувенус известува дека италијанскиот и шпанскиот шампион спремаат спектакуларна трампа на фудбалери.

„Старата дама“ наводно и го понудила на Барселона Емре Чан во замена за Иван Ракитиќ, но Каталонците не се согласуваат на таква размена.

Од друга страна Барселона покажува интерес за Марио Манџукиќ. Тренерот Валверде бара искусен напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Луис Суарез, па Хрватот би бил идеален избор.

Во замена за Манџукиќ Барселона е спремна да го испрати во Јувентус 19-годишниот лев бек Хуан Миранда, за кого „бјанконерите“ покажуваат сериозен интерес, плус 10 милиони евра.

Остануваат уште десетина дена до затворањето на трансфер прозорецот, па доколку се реализира оваа трампа, тоа сигурно ќе биде големо изненадување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…