„Бомба“: Интер тргнува по Матиќ – Челзи бара 40 милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Немања Матиќ беше блиску до преселба во Манчестер Јунајтед, но откако Мурињо го „украде“ Ромелу Лукаку пропаднаа сите шанси за реализација на овој трансфер.

Јасно е дека Антонио Конте нема ништо против заминувањето на Матиќ, но во никој случај не сака да го пушти на „Олд Трафорд“, а таквата ситуација сака да ја искористи милански Интер.

Имено, денешното издание на „Кориере дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ се силно заинтересирани за српскиот репрезентативец и дека спортскиот директор Валтер Сабатини започнал преговори со Челзи.

Од Челзи веднаш стигна одговор – Матиќ може да си оди, но само за 40 милиони евра. Сега останува да видиме како ќе реагираат „нероаѕурите“ кои ќе се обидат да ја намалат цената.

Во секој случај Интер е во потрага по квалитетен играч за врска, а поради потешкотиите да дојдат до потписот на Наинголан ќе се насочуваат кон Матиќ, кој е пореална опција.