Бомба: Хамес Родригез на чекор од Интер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанската телевизија „СпортИталија“ синоќа лансираше вистинска бомба и тврди дека Интер го договорил трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Хамес Родригез е незадоволен од својот статус во Реал Мадрид и јасно беше дека ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“, па иако често се шпекулираше со негов трансфер во Премиер лигата, сепак Интер успеал да ја победи конкуренцијата.

„СпортИталија“ пренесува дека трансферот е комплетно договорен, а истиот ќе биде официјализиран после финалето во Кардиф каде Реал Мадрид игра протув Јувентус.

Двата клуба се договориле поради коректност да не го потврдуваат трансферот сега, бидејќи „кралевите“ се наоѓаат во многу важен период и ќе играат во финалето од ЛШ.

Тоа не е се, заедно со Колумбиецот во Милано ќе пристигне и дефанзивецот Пепе кој ќе потпише двегодишен договор со Интер. Него договорот со Реал му истекува во јуни, па на „Џузепе Меаца“ ќе се пресели како слободен агент.

Важно е да се напомене дека менаџер на двајцата фудбалери е Жорге Мендеш со кого Интер е во одлични односи.