Боки повторно на клупата за обвинети – почнува судењето за „Меѓународен сојуз“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, во Основниот кривичен суд Скопје, започнува судењето за „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети за измама и перење пари се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска.

Предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска, како втор судија и Софче Гаврилова –Ефремова како претседател на судечкиот совет.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови, за што вкупно исплатиле над 1 милион евра.