Home Шоубизнис Богаташката ќерка Петра Еклстон е доказ дека стилот и вкусот со пари не се купуваат

Богаташката ќерка Петра Еклстон е доказ дека стилот и вкусот со пари не се купуваат

Ќерката која сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, ја има со ријечанката Славица Радиќ Еклстон може да се дозволи што ќе посака.

Но, изгледа дека нема пари на светот кои можат да купат добро чувство и вкус за стил, барем ако се суди според нејзиниот последен моден испад.

Петра Еклстон за празниците, во друштво на сестрата Тамара, отпатува во Лос Анџелес, каде пред еден ресторан беше фатена од објективите во издание кое „боде очи“. Јакната, во комбинација со останатиот моден избор, беше вистинско промашување.

Кичестата јакна таа ја искомбинира со розова маичка и кожени хеланки кои никако не одговараа на нејзината фигура, бидејќи само го истакнуваа недостатокот на килограми. А чевлите веројатно не треба ни да се коментираат, бидејќи „перфектно“ ја заокружија оваа бесмислена комбинација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…