Home Спорт Бобан негира дека Милан ќе го ангажира Модриќ

Бобан негира дека Милан ќе го ангажира Модриќ

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ минатата година беше избран за најдобар фудбалер во светот, но потоа следуваше пад во неговата игра.

Модриќ минатата сезона не блескаше, а така продолжи да игра и оваа година. Веќе на големо се шпекулра дека Модриќ ќе го напушти „Бернабеу“ и дека тоа може да се случи уште во јануари.

Во текот на целото лето Милан се поврзуваше со ангажман на Хрватот, па сега повторно се разгореа шпекулациите во италијанските медиуми за можно доаѓање на Модриќ на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, директорот на „росонерите“ и негов сонародник, Звонимир Бобан ги деменатираше таквите наводи на медиумите.

„Не размислувам околу Модриќ, размислувам само на натпреварот против СПАЛ и Лацио. Тоа се многу поважни работи отколку размислување околу приказната за Модриќ која некој што нема работа ја сервираше на фудбалската јавност“, изјави Бобан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…