Blue Ray диск на Раде Шербеџија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како бонус материјал во рамки на новообјавенито Blu Ray Disc на актерската легенда, поетот, писателот и музичарот Раде Шербеџија, се наоѓа и парче од Македонија!

Лани во самото финале на 2019-та со „Западни Колодвор“ имаше концерт со наслов „Već sam ti pričao“. Концертот беше одржан во престижното Хрватско народно казалиште, па оттаму и наслов „RadeŠerbedžija&Zapadnikolodvorband @ HNK Zagreb“

Тој материјал „Croatia Records“ го објави на Blu Ray (со 21 песна) и на CD (17 песни). Бидејќи Blu Ray содржи повеќе простор, во бонус делот е и снимка од последната „Златна Бубамара на популарноста“.

На неа Шербеџија, придружуван од Влатко Стефановски, ја исполнува антологиската „Ostala si uvijek ista“, од репертоарот на Мишо Ковач. Тогаш Раде ја прими интернационалната „Златна Бубамара“ за животно дело.

Што се однесува до самиот концерт во ХНК, тој секоја година е традиционален. И, како што вели публиката – е за паметење. Особено, бидејќи на таа сцена Шербеџија низ децениите наназад брилјираше во многу антологиски улоги и претстави.

Меѓу друго, беа изведени и песните: „Vrijeme je, draga, vrijeme je“, „Barbara“, „Nedaj se Ines“…Сцената со него ја делеа: Влатко Стефановски, Дамир Урбан…, како и неговата ќерка Милица Шербеџија.