Home Актуелно Блискиот соработник на Путин, Алексеј Кудрин, си поднесе оставка од државната функција

Блискиот соработник на Путин, Алексеј Кудрин, си поднесе оставка од државната функција

Алексен Кудрин, еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, денеска поднесе оставка.

Тој беше директор на рускито Одбор за ревизија, а претходно беше министер за финансии, како и заменик премиер.

Кудрин во текот на целата кариера беше близок сојузник на Путин. Тој е највисоко рангиран функционер, кој поднел оставка по инвазијата врз Украина.

Тој наведе дека сака да се фокусира на „големи проекти“, но додаде дека се уште не одлучил што ќе работи по оставката.

Се претпоставува дека Кудрин по заминувањето од власт би се вработил во рускиот технолошки гигант Јандекс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…