Home Актуелно Благородната мисија на книгата „Татковината во детските срца“

Благородната мисија на книгата „Татковината во детските срца“

На 2 април, Светскиот ден на литературата за деца, уште една книга за најмладите читатели ќе ја здогледа светлина на денот. „Татковината во детските срца“ е насловен заедничкиот проект на додатокот за деца „Колибри“ во дневниот весник „Нова Македонија“ и ООУ„Јан Амос Коменски“ во Скопје, во кој учествуваа ученици од трето до деветто одделение од ова училиште.

Тие дадоа искрени и умни одговори на прашањето „Што е татковина“, а познати македонски писатели за деца напишаа стихови за татковината, што исто така се дел од оваа едукативно издание. Се е украсено со цртежи на децата, со кои ги збогатија своите одговори и со фотографиите на поетесата Александра Донева, инспирирани од татковината, коишто ќе бидат преставени и на промоцијата.

Книгата „Татковината во детските срца“,чиј автор е Марија Таушанска, новинар во „Нова Македонија“ и долгогодишен уредник на „Колибри“, ќе биде промовирана во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, на 2 парил, во 12 часот. Гости ќе бидат учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“, писатели за деца, членовите на хорот „Златно славејче“, младиот гајдаџија Филип Атанаскоски, а водител на настанот е поетот Филип Димкоски.

– Одговрите на учениците од ООУ„Ј.А.Коменски“ на прашањето што претставува за нив татковина, се искрени, со избрани зборови, извираат директно од детските срца. Токму таа нивна чиста мисла и љубов ме поттикнаа овој проект да добие една своја целина со учество на познати писатели за деца, но и на оние кои допрва ја почнуваат својата писателска кариера и потрага по вистинските зборови и на моја голема радост, сите веднаш и со огромно задоволство прифатија да учествуваат со свои песни за татковината. Се надевам дека во овие чудни времиња мудрата детска мисла за татковината и сите стихови на нашите писатели за деца кои ја опеваат нашата лулка, дом, сегашност и иднина, ќе придонесат уште долго татковината да има важно место во срцата на денешните ученици, но и на оние кои ќе седнат во училишните клупи по нив. Ќе ми биде многу драго, доколку со овие размислувања и стихови и рими, дадеме мал придонес, почесто да се размислува позитивно за татковината и за она што таа ни го дава и овозможува и начинот на кој ние и возвраќаме – вели авторката Марија Таушанска.
На промоцијата на книгата ќе се осврнат и: Јованка Христовска од Домот „Кочо Рацин“ и м-р Татјана Гогоска, комуниколог и автор за деца.

– Тоа што децата добија ваква литература е од огромно значење и топло ја препорачувам книгата за наставно средство во училиштата на часовите по македонски јазик за видиците на овие млади, мали генерации да станат поголеми, колку што е голем поимот за татковината – вели Татјана Гогоска.
Еден од рецензентите, заедно со писателот Трајче Кацаров е и младиот поет Филип Димкоски.

– Да се поттикнат младите таленти да творат литературни дела за татковината значи да се биде чинител и продолжувач на една благородна мисија. Поради се она креативно и хумано што го содржи оваа книга, која е завршеток на еден поопсежен и подолготраен проект, со радост и со восхит ги поздравувам сите учесници во него – потенцира Димкоски.

Во книгата се затсапени и мислењата на Елизабета Ивановиќ, психолот и Роза Василевска, одделенски наставник во ООУ „Ј.А. Коменски“.
„Татковината во детските срца“ ја издаде НИК Нова Принт ДООЕЛ, техничкото уредување е на Владимир Хаџи Пулевски, а насловната фотографија е на Маја Јаневска Илиева.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…