Home Актуелно Благодарение на OpenAI и ChatGPT првиот човек на Мајкрософт си лапна 1 милијарда долари

Благодарение на OpenAI и ChatGPT првиот човек на Мајкрософт си лапна 1 милијарда долари

Инвестицијата кои извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, ги направи во OpenAI и неговиот ChatGPT, ги кренаа цените на акциите на технолошкиот гигант до нови врвови. Овој потег, исто така, го искачи вкупниот неочекуван приход на Надела од Мајкрософт над прагот од 1 милијарда долари.

Исплатите на Надела вклучуваат капитални грантови, плата, дивиденди и бонуси, при што акциите на Мајкрософт донесоа над 1.000% откако тој ја презеде улогата на извршен директор, пренесува порталот Пари.

Стратегијата на Мајкрософт во која доминира вештачка интелигенција ја позиционираше компанијата пред конкурентите како Alphabet Inc. во однос на способностите за вештачка интелигенција. Ова беше главен фактор за порастот на акциите од 50% оваа година.

Аналитичарите го пофалија лидерството на Надела и неговата способност да изгради силен тим. Тој стекна почит не само во технолошката индустрија, туку и меѓу политичарите и регулаторите, што го издвојува од многу други технолошки извршни директори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…