Home Актуелно Бившиот грчки министер за финансии Варуфакис: ЕУ ќе продолжи со распад во следните 4 години

Бившиот грчки министер за финансии Варуфакис: ЕУ ќе продолжи со распад во следните 4 години

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, по објавените изборни резултати во Германија, предвидува дека Европската Унија ќе продолжи да се распаѓа и во наредните четири години.

Тој оцени дека јакнењето на германските десничарски партии Слободни демократи и Алтернатива за Германија (АфД) ги уништило надежите на лидерите, како францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа може да стане пообединета.

„Пред нас се уште четири години распаѓање на ЕУ. Зголемувањето на популарноста 20 отсто на Слободните демократи и АфД значи само едно нешто: Стратегијата на Макрон за федерација е мртва“, напиша Варуфакис на „Твитер“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…