Home Шоубизнис Бившиот агент на Икарди: „Ванда е алчна за пари, лошо му влијае на Мауро“

Бившиот агент на Икарди: „Ванда е алчна за пари, лошо му влијае на Мауро“

Бившиот агент на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, Албан Морено, изјави дека според него Ванда Нара лошо му влијае на познатиот фудбалер на Интер, бидејќи е алчна за пари и само тоа ја интересира.

Сопруга на Икради, Ванда Нара. која е и негов агент, ги влоши односите со Интер поради нејзините испади на социјалните мрежи.

Поранешниот агент на Аргентинецот, Албан Морено смета дека таа работи погрешно, а Икарди има штета од тоа.

„Икарди дава многу на теренот како напаѓач. Како и да е опкужен е со лошо влијание околу него, Ванда мисли само на пари“, вели Албан Морено.

„Неговата работа на теренот е фантастична и тој многу созреа во италијанскиот фудбал поради неговиот менталитет и перфектното тело за Серија А, на Ванда Нара се грижи само за парите а не и за неговиот имиџ и вредност како капитен на Интер“.

„Секој агент може да зборува за обнова на договорот, но многу е важен начинот на кој го правите тоа. Не може само да речете ова се бројките на Икарди и да пуштите се на социјални мрежи“.

„Наместо да ставаат сè на интернет, треба да отидат во Интер и да преговараат“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…