Home Шоубизнис Бившата сопруга на Марез: Сити ми го растури бракот

Бившата сопруга на Марез: Сити ми го растури бракот

Популарната пејачка Рита Јохал го критикуваше својот бивш сопруг Ријад Марез.

Рита тврди дека нејзиниот сопруг многу се променил после трансферот во Манчестер Сити и тоа го уништило нејзиниот брак.

„Не можам да коментирам туѓи животи, но преселбата во Манчестер го промени мојот поранешен сопруг. На Ријад му удри славата во глава. Се промени по преселбата во Сити. Требаше да остане смирен, но тој се промени“, вели таа.

„Го сакав и ја променив верата поради него, престанав да пијам алкохол. Сакав да имам семеен живот, да бидеме заедно, но тој престана да биде љубезен по потписот за Манчестер. Мислам дека му станав досадна, почна да го игнорира нашето семејство“, вели Рита и истакна дека сопругата на Хари Кејн треба да биде среќна што голгетерот не се преселил во Сити.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …