Бивша мисица премина во ислам, се омажи за двојно постар маж и стана кралица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од најубава жена во Москва, преку исламската вероисповед и брак со крал до општествен статус на кралица – вака во неколку збора може да се опише животниот пресврт на Оксана Војеводина.

Бившата Мис Москва стана нова кралица на Малезија, откако премина во исламската вероисповед и се омажи за кралот на Малезија, Мохамад V, кој на кралскиот претстол се наоѓа од 2016 година.

Оксана има 25 години, а од својот сопруг е помлада 24 години. Откако во 2015 година ја освои титулата за убавина Мис Москва, работеше како модел во Кина и Тајланд, па се претпоставува дека кралскиот пар се запознал во тие кругови.

За Оксана не се знае многу, освен дека нејзиниот татко е лекар, а малезиските медиуми нагаѓаат дека пред да се омажи за нивниот крал, веќе еднаш била во брак, имајќи во предвид дека на натпреварот за убавина го користела презимето Војеводина, наместо она кое го носи нејзиниот татко – Горбатенко.

Венчавката на Мохамад V и Оксана се одржа на 22 ноември, во Москва. Зетот бил облечен во традиционална малезиска облека, додека невестата носела обична венчаница. Подоцна, на социјалните мрежи Оксана објави фотка на која носи хиџаб.

Неколку месеци пред венчавката, Оксана преминала во исламската вера, а на венчалната прослава се служелал халал храна и немало алкохол на менито. Со примање на исламот, таа веќе не се вика само Оксана, туку го зела и муслиманското име Риана, па сега се вика Риана Оксана Горбатенко, пренесуваат медиумите од Куала Лумпур.

„Мислам дека мажот мора да биде глава на семејството и дека мора да заработува повеќе од жената“, ги откри во една прилика Рихана своите ставови.