Биткоинот „лудува“

биткоин

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најпознатата криптовалута во светот достигна нов историски вредносен рекорд. Според најновите информации објавени нејзината вредност достигна близу 63.000 долари што е нов рекорд на пазарната вредност на оваа криптовалута.

Во моментов, неговата цена поточно изнесува 62.587 долари. Соборувањето на рекордот беше очекувано, особено откако Coinbeis го објави својот список.

Глобално најпопуларната дигитална монета досега е зголемена за повеќе од двојно по својата вредност досега оваа година, како резултат на растечкото прифаќање како средство за инвестирање и како средство за плаќање, бидејќи инвеститорите бараат средства со висок принос во средина со ниски камати, пренесува Ројтерс.

Големи компании, вклучително и најстарата банка во Њујорк БНИ Мелоун, Мастеркард и Тесла, се меѓу оние кои прифатиле плаќање или инвестирале во криптовалути.