Без јазик и ненајавена голотија – Холивуд воведува нови правила за секс сцени


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Скандалите со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин и интернет движењето #MeToo доведоа до измена на правилата во врска со снимањето на филмските секс сцеи во Холивуд.

Филмаџиите сега работат на нови правила за снимање на симулиран секс за кои ќе треба да се расправа селдната недела. Меѓу правилата би можеле да се најдат и забрана за разменување на плунка при бакнувањето, како и забрана за користење јазик во сцените со бакнување, освен ако со договор не е поинаку нагласено.

Исто така, ќе се забрани барањето за разголување на аудициите, освен ако тоа не е претходно најавено. А за да се осигура дека нема да дојде до тоа, актерот или актерката би требало да можат на аудиција со себе да поведат и една личност од доверба како сведок. Се предложува и воведување на улога „режисер за интимност“, со цел да се осигура придржување до правилата, пишува The Sun

Повеќе ќе се инсистира на заштита на гениталиите, која и досега беше користена, но примената на таквата заштита не беше надгледувана.

Последниве денови голем број актерки проговорија за непријатните моменти и ситуации кои ги доживеале на аудициите или за време на снимањата на интимни сцени, а сега Холивуд, изгледа, се обидува да му стави крај на тоа.