Home Спорт Беше голема ѕвезда, стигна до Реал Мадрид – денес го продаваат за 1 милион!

Беше голема ѕвезда, стигна до Реал Мадрид – денес го продаваат за 1 милион!

Турскиот репрезентативец, Нури Сахин пред неколку години беше еден од најбараните фудбалери на светот и направи трансфер во Реал Мадрид.

Плејмејкерот блесна во дресот на „милионерите“ под водство на Јирген Клоп и важеше за еден од најперспективните фудбалери во Европа. За него интерес покажаа најголемите европски клубови, а тој го избра „кралскиот“ клуб.

Меѓутоа, Сахин не се снајде најдобро на „Сантиаго Бернабеу“ и од тогаш неговата кариера тргна во надолна линија. Најпрво беше позајмен една сезона во Ливерпул, а потоа трајно се врати во Борусија Дортмунд.

Денес за него нема место ни меѓу „милионерите“, па се решија да го продадат во Вердер Бремен и тоа за само 1 милион евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…