Славни

Пике си игра со законот во Шпанија: Стоперот направил тежок собраќен прекршок!

pique

Стоперот на Барселона си игра со законот во Шпанија.

Иако навистина е тешко да се поверува шпанскиот медиум „Кадена СЕР“ пренесува дека Жерар Пике би можел да добие затворска казна.

Имено, Пике бил фатен од страна на полицијата како вози без бодови на својата возачка дозвола.

Во Шпанија законот е таков што сите возачи добиваат 12 бодови на возачката дозвола, а истите ги губат доколку направат одредени прекршоци во собраќајот.

Сега веќе поранешниот репрезентативец на Шпанија седнал зад воланот иако сигурно бил свесен дека нема право на такво нешто.

Шпанските медиуми пренесуваат дека стоперот на Барселона би можел да биде казнет со шест илјади евра и шест месеци затворска казна.

Сепак, како и во големиот случај со познатите фудбалери кои имале проблеми со законот очекувањата се казната затвор да ја одработи на слобода како условна.

To Top