Home Актуелно Бензините поскапеа за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денар

Бензините поскапеа за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денар

Од минатата ноќ на полноќ на сила стапија новите цени на горивата регулирани според поскапената акцизата на нафтените деривати.

Бензините од ноќеска на полноќ поскапеаза 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголеми за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 54 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ го посочуваат за околу 0,8 проценти повисокиот крурс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…