Home Спорт Бензема со ироничен коментар за изборот на „Екип“ за најдобар напаѓач

Бензема со ироничен коментар за изборот на „Екип“ за најдобар напаѓач

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема остана надвор од изборот на 15 најдобри напаѓачи во светот, направен од еминентниот весник „Екип“.

Популарниот весник им даде можност на читателите да го изберат идеалниот тим на годината, а во нападот можеа да изберат 15 напаѓачи предложени од весникот.

Тоа воопшто не му се допадна на Бензема, па иронично праша: „Еј Екип, пријатели мои. Дали може да бидам 16-ти?“.

Многу спортски фанови го определија отсуството на Бензема како „лудост“ и „неправедно“, бидејќи напаѓачот со Реал Мадрид ја освои третата титула во ЛШ со ред.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…