Home Вебкафе Белградски адвокат не сакал да вработи студент со просек 10 – причината ќе ве изненади

Белградски адвокат не сакал да вработи студент со просек 10 – причината ќе ве изненади

Белградскиот адвокат Урош Недељковиќ откри дека не сакал да заврши правник кој штотуку дипломирал на Правниот факултет.

А причината за оваа негова одлука ги зачуди многумина кои дознаа за овој случај – студентот, според Урош, бил претерано совршен, односно во индексот имал само најодлични оценки.

Додека некои веруваат дека одличниот успех во текот на студиите е најдобра препорака за секој кандидат на разговор за вработување, Недељковиќ не се согласува со тоа. Имено, во неговата канцеларија му стигнала пријава која би ги интересирала повеќето од работодавците од неговата професија, но не и него, па ја одбил без воопшто да размислува.

Освен што моментално не вработува никого, му пречело и тоа што станува збор за кандидат кој во текот на студиите во својот индекс имал само 10-ки, а факултетот го завршил за четири години и три месеци.

„За оваа професија не е важно само факултетското знаење, туку и животното искуство и талентот. А што изживеал и што правел додека студирал? Тоа е мојот став. Други можеби размислуваат поинаку“, изјави адвокатот.

Урош додаде дека има има многу свои пријатели и познаници кои во текот на студиите имале одлични оценки, но не постигнале голем професионален успех.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…