Белград и Приштина постигнаа договор за северот на Косово – косовските специјалци се повлекуваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По дводневни интензивни преговори, Србија и Косово постигнаа договор за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, објави специјалниот европски претставник за дијалогот Мирослав Лајчак.

-Имаме договор напиша Лајчак на твитер, објавувајќи фотографија од документот со три точки според кој специјалните сили на косовската полиција распоредени на граничните премини Јариње и Брњак ќе се повлечат истовремено со укинување на блокадите.

Процесот ќе почне во сабота на 2 октомври од 8 до 16 часот а војниците на КФОР ќе бидат распоредени на граничните премини и ќе останат приближно две недели за да се обезбеди безбедна слобода на движење.

Во однос на проблемот со регистарските таблички како привремена мерка од понеделник 4 октомври ќе се применува режим со налепници, а работна група со претставници на белград, приштина и еу, ќе треба да дојде до трајно решение , врз основа на стандардите и практиките на ЕУ. Првиот состанок на работните групи ќе се одржи на 21 октомври во Брисел.

Српската страна го прифати компромисниот предлог за деескалација на ситуацијата, изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ во Ниш кој додаде дека е од голема важност што ЕУ официјално соопштила дека следната тема во Брисел ќе биде Заедницата на српските општини.

Американскиот амбасадор во Србија Ентони Годфри на твитер објави дека договорот меѓу Косово и Србија е „одлична вест“.

„Се е можно преку сериозен и посветен дијалог“, напиша Годфри.