Home Шоубизнис „Бекстејџ“ интервју со бившата сопруга на Даниел Кајмакоски – манекенката Кристина Димитриевска

„Бекстејџ“ интервју со бившата сопруга на Даниел Кајмакоски – манекенката Кристина Димитриевска

Има 23 години, а веќе има еден брак зад себе, откако се разведе од македонскиот пејач Даниел Кајмакоски. После разводот ова е прво интервју за младата манекенка Кристина Димитриевска, кое со неа го направи „Бекстејџ“.

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди Кристина.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот на годинава веста дека ставиле крај на бракот ја изненади јавноста.

„Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија“ – раскажа Димитриевска за „Бекстејџ” најавувајќи враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио ,,Црнокрак”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…