Home Спорт Бејзбол играч суспендиран на 100 натпревари!

Бејзбол играч суспендиран на 100 натпревари!

Фрлачот од Мајор Лигата од тимот на Сан Диего Падрес, Хозе Торес (24) суспендиран е на неверојатни 100 натпревари!

Хозе Тoрес ја доби веројатно најголемата суспензија (поединечна) во спортот и тоа поради семејно насилство.

Венецуалецот беше приведен 29 декември минатата година во Феникс откако во текот на една расправија со нога ја удрил својата сопруга, а потоа и вперил пиштол во неа. Обвинет е уште и за злоупотреба на опојни средства.

„Во целосно се потпираме на одлуката на лигата. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме истражувањето на леигата со цел играчите да се едуцираат и да се спречат такви случаи во иднина“, порачаа од редовите на неговиот тим.

Торес ја прифати казната и нема да поднесе жалба. Наскоро се очекува да му биде сооштена и казната од судот.

https://twitter.com/azizur655/status/1005345679819059200

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…