БЕГ бара поскапување на парното во Скопје за вртоглави 300% – на потег е Регулаторна


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Балкан енерџи груп (БЕГ) побарала од Регулаторната комисија за енергетика вртоглаво зголемување на цената на парното греење во Скопје за над 300 насто.

Високата цена на природниот гас кој им е потребен за производство на топлинска енергија на берзите и натаму урива рекорди, па од БЕГ испратиле барање до регулаторот за сериозно зголемување на цената на парното. Од Регулаторна велат дека нема да дозволат цената многу да се зголеми.

„БЕГ достави барање до регулаторната комисија за енергетика во кои имаше свои предвидувања, што би значело доколку цената на природниот гас има различни вредности.“

Од Балкан енерџи не одговорија конкретно колкаво зголемување бараат, туку само ни соопштија дека согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија компаниите кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска до РКЕ да достават податоци за трошоците за регулираниот период.

„Регулаторната комисија за енергетика ѝ водни услуги на Република Македонија ги утврдува тарифните ставови, според кои, се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи.“

Инаку, цените на природниот гас на глобалните берзи се движи од 1.200 до 2.000 евра за метар кубен. Тоа е за неколку пати повеќе во однос на ланската година.