Баварците грмат: РЕАЛен грабеж!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците не можат да му ги простат на судијата Касаи четирити кардинални грешки кои директно влијаеа на нивната елиминација од Лигата на шампиони.

После натпреварот сите од таборот на Баерн, почнувајќи од тренерот Анчелоти, преку Робен и Видал изјавија дека судијата извршил „грабеж“.

„Ова е вистински грабеж. Знаете дека јас секогаш зборувам отворено, штета што судијата го расипа натпреварот. Целиот свет можеше да гледа одличен дуел на два тима и на фантастични играчи на терен. Беше задоволство да се гледа овој дуел, но тогаш се случува да дојде некој таму судија и да го одлучи натпреварот“, изјави Робен.

„Не сакам да зборувам за судењето, сметам дека секогаш грешките треба да се наоѓаат во себе. Меѓутоа, во овој случај ни една грешка не направивме ние, ги направи главниот судија и тие грешки го одлучија мечот“, заклучи Холанѓанецот.

„На вакви грабежи не им е место во Лигата на шампиони. Сакавме да се пласираме во следната рунда и кога беше густо за Реал судбината на натпреварот ја презеде судијата во свои раце и го одлучи мечот. Поради судијата Баерн испадна од Лига на шампиони. Нормално дека сме лути, ова не е фер“, изјави Видал.

„Не е прашањето дали да се воведе видео технологија или не, вакви натпревари треба да ги водат квалитетни судии. Овој кој судеше вечерва направи грешки кои не се достојни за еден ваков натпревар од Лигата на шампиони“, изјави Алкантара.