Бартомеу призна: Во контакт сме со Гризман уште од октомври!

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу одби да ги коментира гласините за евентуален трансфер на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, но призна дека биле во контакт со неговиот агент.

Бартомеу откри дека првиот контакт со агентот на Гризман го направиле уште во октомври, што е сосема доволно да се потврдат шпекулациите за трансферот.

Медиумите веќе подолго време тврдат дека Барселона ова лето ќе ја активира откупната клаузула на Французинот која изнесува 100 милиони евра.

„Не можеме да зборуваме за играчи од други тимови. Сега ќе ја анализираме сезоната, а потоа ќе размислиме како ќе продолжиме со трансферите. Пред извесно време го запознав Гризман на Балеарските Острови. Не сум разговарал со него оваа година. Зборував со неговиот агент во октомври. Со шефот на Атлетико, Сересо, зборувавме за многу работи, но не и за тоа“, изјави Бартомеу.

Ернесто Валверде останува на клупата и следната сезона. По натпреварот со Рома немав двоумења. Јас не сум размислувал за разделба со него“, додаде Бартомеу и истакна дека е за воведување на ВАР технологија во Примера.